Санкционирани 17 возачи, управувале под дејство на алкохол

Во текот на изминатиот викенд на подрачјето на СВР Куманово спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол, при што санкционирани се 17 возачи.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта-се вели во соопштението од полицијата.

Коментари

коментар(и)