Санкционирани 21 возачи во Куманово

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Куманово вчера од 20 часот до полноќ, спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 21 возачи. Засилените  сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и зедно да придонесеме за посигурни патишта, се вели во соопштението од полицијата.

Коментари

коментар(и)