Свадби најверојатно ќе има од крајот на мај

Министерот за економија, Крешник Бектеши, најави дека рестораните за свадби можеби ќе почнат со работа кон крајот на мај. Но тој потенцирашдека тоа ќе се случи доколку дозволи епидемиолошката состојба.

–Доколку заедно со Комисијата за заразни болести утврдиме дека бројот на заразени се намалува. Како што гледате, веќе секоја недела носиме полабави мерки во однос на рестриктивните мерки предложени од Комисијата, истакна тој.

Бектеши не прецизираше на кој начин ќе работат ваквите ресторани и дали веќе има изготвено посебен протокол за нив.

Коментари

коментар(и)