За неполн месец уште една хуманитарна акција во Старо Нагоричане. На повеќе од триесет семејства од козјачкиот регион црквата Свети Ѓорѓи во соработка со хуманитарната организација крепост вчера на Цветници , а во пресрет на велигденските празници им донираше пакети со прехранбени продукти и средства за лична хигиена. Помошта е наменета за семејствата кои што имаат членови со посебни потреби.
– Овие зачестени акции во поглед на хуманитарноста и разбудување на свеста за чинење на добри дела многу им значи на овие семејства, се работи за семејства кои што немаат други основи кои што можат да им помагаат а далеку се градските средини, далеку се од било која друга форма на организација па така одлучивме на овие семејства да им посветуваме почесто внимание , речиси секој месец, се работи за семејства кои имаат делумно и деца со посебни потреби кои што навистина ја заслужуваа нашата грижа така што во соработка со добри луѓе , верници доброволни чинители , поголеми фирми организираме вакви акции . Се работи за пакети со храна и прехранбени производи и средства за лична хигиена, така што уште еднаш јавен апел да не ги забораваме луѓето и во градовите и во селата да им помагаме, изјави Христијан Георгиевски, ХО„Крепост“
Ова е трета хуманитарна акција на црквата Свети Ѓорѓи. Надлежните од месната заедница Старо Нагоричане ги поздравуваат ваквите акции, но со апел што поголем број граѓани , организации, институции да им помогнат на семејствата од руралните средини .
Освен од бизнис заедницата, хуманитарните акции континуирано добиваат поддршка и од јавните личности, естрадни уметници, спортисти.
Надлежните од црквата Свети Ѓорѓи и од Крепост планираат хуманитарните акции особено во пресрет на поголемите христијански празници да станат традиционални.