Поднесување барања за поставување урбана опрема

Сите сопственици на угостителски објекти  кои поставуваат урбана опрема на јавно прометни површини,  треба да поднесат барање за добивање на решение за поставување урбана опрема. Надлежните од секторот за инспекциски надзор од општина Куманово информираат дека барања се доставуваат до секторот за урбанизам. Комуналните инспектори од секторот изминативе денови посетиле дел од сопствениците  на угостителски објекти и им укажале  дека ќе мора да поднесат барање и да добијат решение за поставување на опремата,по претходно одржаниот состанок на кој учествувале претставници од повеќе сектори од општина Куманово

„Оваа активност се реализира на пролет, со оглед на тоа што почнува сезоната на времените објекти-урбана опрема,кои се придружни објекти на угостителските.На интерсекторскиот состанок утврдивме дека,покрај тоа што треба да се утврди за плаќањето,дали е извршено и дали се обновени одобренијата,решивме да видиме дали одговара и изгледот на самите објекти,како и материјалите кои се употребени,начинот на градба и инициравме,сега првпат да се воведе во тој дел некоја регулатива,која треба да го предвиди изгледот на објектите,материјалите кои се употребени,како и пропратните содржини за да објектите бидат и функционални за својата потреба, за посетителите,но и за оние кои поминуваат покрај нив,да бидат добар изглед за градот“- изјави ,Орце Петковски,овластен градежен инспектор од општина Куманово.

Надлежните  посочуваат дека стручни тимови од секторот за урбанизам  ќе им објаснат на стопанствениците како да дојдат до поквалитетно решение за времените објекти или урбаната опрема.

Кога инвеститорите ќе ги набават одобренијата со проекти за нивниот изглед, материјалите,  инспекторите од секторот за инспекциски надзор ќе излезат на терен и ќе извршат контрола.

Од секторот за урбанизам од општина Куманово,информираат дека на годишно ниво има околу 70 до 80 барања за поставување урбана опрема.

Иако, во овој момент инспекторите само вршат укажувања на угостителите,оние кои нема да ги обноват дозволите за поставување на урбана опрема, од секторот за инспекциски надзор ќе донесат  решенија за поведување прекршочна постапка,при што казните се значително високи и изнесуваат 7.000 евра за правно лице и 2.100 евра во денарска противврденост за управител.

Коментари

коментар(и)