Заштита од дискриминација на лицата со попреченост

Лицата со попреченост и нивните родители денеска имаа можност правно да се запознаат со заштитата од дискриминација, да научат да ја препознаваат но и пријавуваат, во рамки на работилницата која ја организираше Здружението за промоција и развој на инклузивно општество Инклузива. Тие зборуваа за проблемите со кои секојдневно се соочуваат.

-Ние во соработка со здружението Млади правници од Скопје пред десетина дена се договоривме бидејќи е огромна потреба лицата со попреченост и нивните семејства да знаат како да се заштитат од дискриминација. Бидејќи сите знаеме дека оваа категорија граѓание е најранлива  и воопшто немаат пристап до правдата затоа излегоа во пресред нашите соработници им се заблагодаруваме јавно и се надеваме дека ќе зајакнат вештините на родителите и на самите лица да препознаваат дискриминација но и каде да се обратат понатаму-истакна Благица  Димитровска, Здружение за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“.

Од Млади правници  на присутните  им укажаа како да ја препознаваат дискриминацијата, каде може да побараат заштита и кои механизми им се на располагање. Тие им го препорачаа и прирачникот за заштита од дискриминација кој што го изработило здружението.

-Има граѓани кои пријавуваат дискриминација конкретно здружението има поведено над 40 судски постапки односно подржано во соработка со тимот од адвокати на македонското здружение на млади правници за заштита од дискримиција имаме поведено по основ на попреченост, етничка припадност и во работните односи.  …Се поведува судска постапка потоа следува пресуда првостепена, второстепена и во одредени случаи луѓето добиваат ефективна заштита на нивните права во зависност од тоа како ќе одлучи судот посочи Јасна Оровчанец Аранѓеловиќ здружение Млади правници.

На настанот освен лица со попреченост и нивни родителите присуствуваа и социјални работници при општината, невладините здруженија и слично.

 

 

 

Коментари

коментар(и)