По повод националниот празник на српската заедница во Македонија вчеравечер во Занаетчискиот дом се одржа Свечена Светосавска академија, во чест на духовниот водач, просветител и прв српски архиепископ, Свети Сава. Манифестацијата е во организација на Српски културен центар, претседателот на Република Србија и Министерството за односи меѓу заедниците во Македонија.
Академијата беше збогатена со културно – уметничка програма исполнета со: рецитал, песни, ора од истакнати српски артисти и пејачи, воен оркестар и фолклористи од КУД ,,Српски вез”.
Пред публиката настапија: Александар Саша Адамовиќ настапи со традиционалната „Светосавска беседа”, драмскиот уметник од Југословенско драмско позориште, Бранислав Лечиќ со „Братољубље низ векове”, драмскиот уметник, актерот од Театар Куманово, Марко Трајковиќ со „Духовне поуке”, теоретичарот на уметност, Вера Столиќ со „Браќи у походе”, оперската пејачка, мецосопран од Народното позориште од Белград, Жељка Здјела ја изведе песната „Светосавље срцу мило”, уметничкиот ансамбл на Министерството на одбрана на Република Србија „Станислав Бинички”, настапи со „Православни хоризонти” и КУД „Српски вез” – Куманово, ја затвори свеченоста со „Лети, лети, песмо моја мила”.
На овогодинешната академија, присутните ги поздрави претседателката на Советот на Општината, Ивана Ѓорѓиевска.