ВИДЕО: СДММ: Кога конечно ќе заврши реновирањето на спортската сала?

C

Во продолжение изјавата од Данијел Димитријевски, член на Извршниот одбор на СДММ.

„Кога конечно ќе заврши реновирањето на спортската сала во Куманово, објект за кој биле предвидено 6,5 милиони евра и кој ни по 4 години не е пуштен во употреба. Најпрвин се почна со замена на кровот и трибините, но уште од самиот почеток на реновирање имаше низа пехови и аномалии. Тукушто поставениот нов кров протече, а излезе и скандал со набавката на семафорот чија цена изнесувала 160.000 евра.
Да не заборавиме да го прашаме градоначалникот во заминување дали ќе се реши проблемот со системот за греење и ладење и дали истиот проблем ќе донесе дополнителни трошоци. Веќе беше најавено дека спортската сала ќе биде пуштена во употреба за Денот на ослободување на Куманово – 11 Ноември, но очигледно на кумановчани не им беше кажано за која година е предвидено“, рече Данијел Димитријевски, член на Извршниот одбор на СДММ.