ВИДЕО: Студија за врсничко насилство презентирана во Куманово

На иницијатива на Секторот за образование денеска пред директорите на основните и средните училишта и стручните служби беше презентирана студија за врсничко насилство. Во истражувањето биле опфатени и ученици од Општина Куманово.

Студијата е дел од проектот „Хепи Хипо Шоу – за кохезивно и инклузивно општество“, имплементиран од Театар „БОЕМИ“ – Скопје, а финансиран од програмата за доделување грантови на проектот „Активно вклучување и влијание на сите актери во превенција и спротивставување на насилен екстремизам во Северна Македонија”, финансиран од Европската Унија, а спроведуван од здружението за акција против насилство и трговија со луѓе „Отворена Порта” и здружението „Хуманост”, во кој беше вклучена и Општина Куманово.