Стотина прегледи дневно има на детското одделение во општа болница Куманово. Според надлежните од јавната здравствена установа, заболените се деца на училишна и предучилишна возраст кои што најчесто доаѓаат со висока температура до 40, која трае од четири до пет дена. Станува збор за горнореспираторни инфекции, проследени со кашлица, црвено грло, зголемена секреција од нос, класичен сезонски грип, изјави началничката на детското одделение во болницата, д-р Ферихан Бајрами.
Лекарите советуваат да се проветрува просторијата, контактите да се сведат на минимум и да се консумира храна богата со витамини.
