Намалување од 8 % на новозаболени лица од ковид-19 во државата ( со 1.922 нови позитивни случаи од 32 градови ) во однос на минатата недела регистрира Институтот за јавно здравје.
Во текот на минатата недела вкупно се пријавени 36 реинфекции, што е за 38,5% повеќе во однос на претходната недела.
Изминатава недела регистрирани се 66 смртни случаи од 22 градови, а најголем дел од нив се од Скопје. Од починатите најголем дел припаѓаат на возрасната група над 60 години.
Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Кавадарци, Скопје и Неготино, а најниска инциденца од 4.765,8 заболени на 100.000 жители се регистрира во Македонски Брод.
Вкупно 347 лица се хоспитализирани во болниците што е за 18,7% помалку во споредба со претходната недела. Од нив, 243 се на кислородна поддршка и 12 на механичка вентилација.
