Денеска во просториите на општина Куманово се одржа состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со преземање на активности и мерки од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус). И на овој состанок тема беше пресек на состојбите во нашата општина поврзани со Ковид 19, па така, заклучено беше дека во период од 25.01. до 31.01.2021 година во општина Куманово регистрирани се 74 позитивни случаи на COVID 19, а моментално има 343 активни случаи;
Останува и понатаму апелирањето до граѓаните да ги почитуваат сите мерки и препораки од Владата на Република Северна Македонија, поточно, социјална дистанца од 2м, носење на заштитни маски и да нема групирање на отворено, како и во затворени простории.