Се одржа манифестацијата „Илинденски секавици“

„Илинденски секавици“ е насловот на поетско-музичката вечер која што се одржа во Центарот за култура, а ја организираше Здружението на жени „Нада Михајлова“ и поетскиот клуб „Обденица“. Манифестацијата е во чест на Фотија Стојчевска.

– Оваа манифестација оваа вечер ја посветивме и на нашата членка Фотија Стојчевска која за жал веќе не е со нас а нејзината идеа беше манифестацијата да носи наслов Илинденски секавици како и стихозбирката  Обденица. Инаку овој празник наш национален голем празник и ние го чествуваме секоја година, одаваме почит на сите оние кои ги положија животите во темелите на нашата држава односно и нашата сограѓанка Нада Михалова жена борец на третата македонска ударна бригада чие име со гордост го носиме-посочи Нада Ивановска, претседател на здружението.

Присутните имаа можност да проследат читање на поезија, а почесен гостин беше поетесата Миланка Миловановиќ Зафировска. Во рамки на програмата се одржа и модна ревија во која учествуваа деца на возраст од три до осум години.

-Децата се многу заинтересирани настојуваат да дадат се од себе максимално возраста нивна е од три до 8 години, со деца е најлесно и најтешко сепак тие се најубави и покажуваат како што и носи насловот на нашата точка Што се носи ова лето, така што нашите манекенки се спремни за настапот и со нетрпрение чекаат да ни покажат што всушност ќе се носи ова лето-истакна Гордана Давидовиќ, член во здружението.

Здружението на жени Нада Михајлова веќе 17 години го одбележува овој значен датум од македонската историја.

 

 

 

Коментари

коментар(и)