Се одржа натпреварот „Млади библиотекари“

Во библиотеката Тане Георгиевски денеска се одржа 14-иот општински натпревар Млади Библиотекари. На натпреварот кој е по повод Месецот на книгата, учествуваа ученици од сите основни училишта  од градот, кои имаа можност да го покажат своето знаење од областа на библиотекарството. Победникот ќе ја претставува општината на републичкиот натпревар кој ќе се одржи на 28-ми октомври во Велес.

-Овој натпревар е во рамките на манифестацијата Месецот на книгата, која кај нас се одбележува од 15-ти октомври до 15-ти ноември, а каде што нашата библиотека има предвидено повеќе активности, литературни и културни манифестации, промоции, средби со писатели и слично  во таа насока распишан е и литературен конкурс на кој учество ќе земат ученици од основните и средните училишта со нивни литературни прозни и поетски творби кои треба да ги достават до 21-ви октомври-истакна директорот на библиотеката, Марјан Петковски.

Завршната манифестација по повод Месецот на книгата ќе се одржи во економското училиште Перо Наков, во средината на ноември, при што ќе се доделат признанија за литературниот конкурс, благодарница на нивните ментори и на победникот од натпреварот „Млади библиотекари“.

Коментари

коментар(и)