Се одржа натпреварот „Млад библиотекар“

Во библиотеката Тане Георгиевски денеска се одржа 16-иот општински натпревар Млад Библиотекар. На натпреварот кој е по повод Месецот на книгата, учествуваа ученици од сите основни училишта  од градот, кои имаа можност да го покажат своето знаење од областа на библиотекарството. Победникот ќе ја претставува општината на републичкиот натпревар кој ќе се одржи на 16-ти ноември во Демир Хисар.

-По повод месецот на книгата која традиционално се одбележува од 15-ти октомври до 15-ти ноември библитеоката согласно својата програма а во насока на популаризација на книгата и читањето организира повеќе настани во таа насока меѓукои се и промоции на книги, мини саеми на книги, литературни средби со писатели од различни работилници со ученици со тоа што меѓу нив е и традиционалниот натпревар кој ќе се одржи наредните денови, литеаратурен и ликовен натпревар  -истакна директорот на библиотеката, Марјан Петковски.

На завршната манифестација по повод Месецот на книгата која ќе се одржи вонекое од училиштата од градот, во средината на ноември, ќе се доделат признанија за литературниот конкурс, благодарница на нивните ментори и на победникот од натпреварот „Млад библиотекар“.

Коментари

коментар(и)