Се одржа работилница за креирање на Стратегија за млади на Општина Куманово

Во организација на Центарот за ромска заедница ДРОМ од Куманово се одржа првата работилница за креирање на Стратегија за млади на Oпштина Куманово за периодот 2026 – 2030 година.

„Оваа работилница го означува почетокот на важен процес за изработка на стратешки документ, кој ќе ги дефинира клучните приоритети и насоки за развој и поддршка на младите на локално ниво, во наредните пет години. Документот ќе биде изработен по примерот на стратешките цели, опфатени во националната платформа на Агенцијата за млади и спорт на РСМ, прилагоден според потребите и проблемите, кои ги засегаат младите на локално ниво“, соопштија организаторите.

Едукативниот настан е поддржан од Опшина Куманово.