Се одржа 7-от кошаркарски турнир на Пинк Пантери

Кошаркарскиот клуб Пинк Пантери викендов по седми пат, го организираше меѓународниот кошаркарски турнир „Растеме заедно“. Во Куманово и оваа година, истакнатите спортисти, родени во 2003 година и помлади од Македонија, Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина, ги покажаа кошаркарските вештини. Покрај домаќинот Пинк Пантери на турнирот учествуваа екипите на Работнички и МЗТ Скопје Аеродром, Цедевита, Игокеа и Кош Сараево. Се работи за значајни екипи со реноме кои располагаат со квалитетни млади играчи. Турнирот освен што овозможува размена на искуства на тренерите, е значаен и за развојот на младите кошаркарите.

-Ние како екипа сме презадоволни од поканата од клубот Пинк Пантери, голема благодарност до организаторот. Задоволни сме, силни екипи, турнир, непроценливо богатство се овие меѓународени турнири за зголемување на искуството на играчите, знаеме дека македонската лига има ограничен број на младински клубови и секој ваков меѓународен турнир е навистина чест и задоволство да се присуствува-истакна тренерот на младинскиот тим на МЗТ.

-Задоволни сме од гостопримливоста, домаќинот не прими и од сместувањето, храната, салата турнирот е исклучително силен, тоа ни беше цел да дојдеме и да одиграме добри натпревари што и ни овозможи домаќинот. За Куманово можам да кажам само најубаво, шетавме низ градот, се е во ред. Со оглед дека за десет дена не чека крајот на првенството со овој турнир добивме многу со оглед што противниците се исклучително силни и навистина значи за подготовка за првенството-дополни тренерот на Цедевита.

Турнирот го отвори спортскиот директор на македонската кошаркарска федерација, Владимир Темелковски, заедно со првиот човек на Куманово, Максим Димитриевски, кои посакаа и во иднина да продолжат да се организираат вакви турнири.  Натпреварите се играат во салата на економското училиште Перо Наков.

 

Коментари

коментар(и)