Се размислува да се продолжи летното сметање на времето
Владата на синоќешната седница го задолжи Министерството за економија да ја разгледа можноста за продолжување на летното сметање на времето, со цел дополнителни заштеди во општата потрошувачка на електрична енергија.
Зимското сметање на времето започнува на 30 октомври, но неизвесно е дали граѓаните ќе ги поместат стрелките еден час наназад.
Преминот од летно во зимско време првпат е забележан во 1916 година во земјите на Северна Европа, а досега е воведен во околу 70 држави, главно на северната хемисфера.
Инаку, во Македонија зимското и летното сметање на времето со закон е регулирано во 1996 година.