Се реконструира улицата „440“ во „Иго Тричковиќ“

Во тек е реконструкција на улицата „440“ во кумановската населба „Иго Тричковиќ. Според информациите на надлежните ќе биде поставен бекатон на повеќе краци на таа улица. – Опфатени се над 550 метри квадратни повеќе краци на улицата во населбата. Инаку, тендерот за реконструкција на овие улици во населбите заврши во август лани. Според објавените податоци на електронскиот систем за јавни набавки за реконструкција на улицата „440“ во населбата, од општинскиот буџет одвоени се 1.240.148 денари. Градежните активности ги спроведува избраната фирма „Кооп Инженеринг“ Куманово.

Коментари

коментар(и)