Се чествува празникот Источен петок Балаклија

Во црквата Света Петка во населбата Бедиње денеска православните верници го одбележаа празникот Источен петок или Балаклија.

Граѓаните ја посетија црквата каде што се празнува денот поврзан со Пресвета Богородица и нејзините молитви кон Бога.

Овој празник не се определува според датум, туку секогаш се празнува во петокот по Велигден. Средата и петокот од Светлата недела, односно по Велигден се јаде мрсна храна.

Верниците се причестија, исекоа колач, запалија свеќи и се помолија за здравје и среќа. Митрополитот кумановско-осоговски Јосиф утринава одржа  литургија.

Коментари

коментар(и)