Се чисти депонијата на влезот на „Перо Чичо“

Со механизација утринава е започнато расчистување на дивата депонија кај локалитетот „Туш“ на влезот на населбата Перо Чичо. Акцијата ја спроведува локалната самоуправа преку Јавното претпријатие „Чистоа и зеленило“. Како што вели градоначалникот Максим Димитриевски, оваа локација се чисти постојано повеќе пати во годината долг временски период. – Изградено е детстко катче на локацијата за да ги одвратиме несовесните граѓани од несоодветно депонирање на смет, засилени се контролите, но сликата по кус временски период на чист простор е повторно иста, вели тој. Димитриевски порача дека нема да се откаже, и ќе продолжат сузбивањата на ваквите девијантни појави во општеството.

Коментари

коментар(и)