Ски -центрите најбарани за новогодишните празници

Банско, Боровец, Јане Сандански засега се најпосакуваните  дестинации за  дочек на Новата година  од граѓаните на Куманово.  И покрај актуелната состојба во државава, солиден е интересот за новогодишните пакети кои што ги нуди туристичката агенција Игуана . Интерес има и за посета на европските метрополи, Будимпешта, Прага, Виена, Венеција, Истанбул, но сепак, како што велат од агенцијата,  граѓаните најчесто новогодишните празници ги поврзуваат со зимскиот одмор  поради што интересот за ски- центрите е за нијанса поголем од метрополите.

-Пакет аранжманите одат по лице од 6.500 денари па нагоре, зависно од дестинацијата.  Сега за Нова година секогаш цените се повисоки за разлика од после петти јануари. Повеќе интерес има нормално за две –три ноќевања, бидејќи секој сака да си ги помине празниците да не е дома или слично, но секако дека пакетиве што се на по седум ноќевања и слично дека изискуваат поголеми финансиски средства и веројатно затоа за две-три ноќевања има за нијанса поголем интерес, изјави Драган Трајковски, менаџер на ТА„Игуана„

Со оглед на тоа што веќе се отворени ски – центрите, скијачите веќе ги користат поволностите на ски –патеките, велат од Игуана.

Во агенцијата која што 25 години е на нашиот пазар, освен за новогодишните и осмомартовските аранжмани , веќе се вршат уплати и за понудите „Лето 2017 “.

-Сигурно е дека треба да сме предводник и на понудите, секако дека веќе ги имаме понудите за Осми март,  исто така веќе ни се готови со 90 проценти и понудите за лето 2017 . Веќе имаме уплати за лето, уплати за Осми март, и оваа година пак држиме до некое ниво до кое сме биле и претходните години, изјави Драган Трајковски, менаџер на ТА „Игуана“

За разлика од граѓаните кои што најлудата ноќ ќе ја поминат во некоја од европските метрополи или пак во ски –центри, дел од граѓаните за новогодишните празници ќе останат во домашна атмосфера, традиционално во семеен круг.

Коментари

коментар(и)