„Вук Караџиќ“за Интегрирано мултиетничко образование

Основното училиште Вук Караџиќ работи на проект кој е поддршка за интегрирано мултиетничко образование, кој се спроведува веќе подолг период. За разлика од првиот кој беше подржан преку Министерството за образование и наука, вториот дел се спроведува благодарение на невладината организација Здружение мировна акција и мировни студии од Загреб, со финансиска поддршка на  Европската унија.

-Се работи за проект кој ние треба да го реализираме некаде од февруари до април наредната година и веќе сме вклучени во неколку фази ние како наставници тројца од нашето училиште и тројца од соседното Наим Фрашери како партнерско училиште. Веќе бевме на обука на тренинзи и секој месец почнувајќи од август до декември на големо сме веќе влезени во етапите на овој проект. Сега следува финализирање на активностите кои се договорени кои ќе се спроведат во период кој го споменав-посочи Николче Јакимовски, наставник по македонски јазик при Вук Караџиќ.

Целта на проектот е што поголема вклученост на учениците од различна етничка припадност, изградба на мир, соживот, подобро запознавање  и слично.

Коментари

коментар(и)