Скопјанец платил 1000 евра за пченка, но не ја добил

Триесет и тригодишен скопјанец бил измамен за 1000 евра. Случајот вчера го пријавил во СВР Куманово. Според пријавеното, лицетo преку социјална мрежа објавило оглас за продажба на пченка, по што откако се договориле за сумата и местото на кое ќе му биде донесена пченката, пријавителот ја исплатил договорената сума на лице испратено од пријавениот, но кога пристигнал на местото да си ја земе пченката, друго лице не му ја дало, бидејќи наводно не му било платено, информира полицијата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.