(ВИДЕО)Советот едногласно ја усвои стратегијата за Локалниот економско-социјален совет за 2022 – 2026 година

Советот на Општина Куманово на последната седница едногласно, со 30 гласа „за“ и само еден воздржан, ја усвои стратегијата за делување на Локалниот економско-социјален совет на Општина Куманово за периодот 2022 – 2026 година. Стратегијата ги детектира социо-економските проблеми, и предлага активности и дејствија во сферата на економијата, образованието, социјалната политика, кои ќе создадат можности за развој.

Советникот Дритон Сулејмани од Алтернатива, претставувајќи ја стратегијата пред советниците потенцираше дека приоритетни проблеми се голем број нелегални бизниси, дефицит на професионални кадри, недоволна комуникација на секторот на бизнисот со локалната самоуправа , недостаток на мерки за стимулирање на мали бизниси и потребата за одржување на старт ап компании, недоволна конекција на секторот за бизнисот со професионални средни училишта, непознавање на зелената економија и можностите што таа ги овозможува, потребата за инвестирање во екологија и недоволното користење на природните ресурси, особено енергетските ресурси.

-Граѓаните во социјален ризик кои се невработени немаат чест за вработување, некои од лицата кои добиваат локална помош не ги прифаќаат понудите за вработување, привремено или неограничено, имаме голем број на деца на улици, лица со посебни потреби не се вклучени во некои институции и имаат потреба од организиран пристап во организација и хуманитарни организации.  Стратешките цели на овој документ е создавање на можност за вработување, олеснување на процедурите за отпочнување на нови бизниси, промоција на зелената економија во куманово, опфаќање на луѓето од социјален ризик на пазарот на трудот. Образовни програми во професионалното средно образование, одржување на самовработувањето, и подобрување на ефективноста и ефикасноста во работата на социоекономскиот совет во Општина Куманово-нагласи тој.

За исполнување на стратегијата општина Куманово ќе одвои над 3 милиони денари, а останатите средства ќе ги дополнат субјектите кои се дел од програмата. Во изготвувањето на стратегијата биле вклучени претставници на Општина Куманово, Организацијата на работодавачки на Македонија, Сојузот на синндикати, Агенцијата за вработување заедно со Центарот за вработување Куманово, како и граѓански здруженија и претставници на стопанските субјекти.

 

Коментари

коментар(и)