Секторот за внатрешни работи Куманово информира дека на 01.12.2025 година околу 00.17 часот било пријавено дека на крстосницата од булевар „Октомвриска револуција” , „Иво Лола Рибар” и „Ѓорче Петров” се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „поло” со кумановски регистарски ознаки управувано од Н.Т.(22) од село Никуљане, Општина Старо Нагоричане и патничко моторно возило „поло” со штипски регистарски ознаки управувано од Д.К.(48)од Куманово.
Според СВР КУманово, во незгодата со повреди се здобил возачот Д.К. и бил префрлен на клиника „Мајка Тереза” во Скопје. Увид бил извршен од екипа од СВР Куманово.