Во СВР Куманово вчеравечер околу 21 часот е пријавено дека под железнички мост во Средорек со повреди била пронајдена 17 -годишна девојка од Куманово. Таа е пренесена во Општа болница Куманово, каде и биле констатирани тешки телесни повреди. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.
Ноќеска, во 03:45 часот во СВР Куманово, од Општа болница Куманово е пријавено дека кај нив во неконтактибилна состојба е донесена 17-годишна девојка од Куманово. Според пријавеното, таа била донесена од нејзината мајка која изјавила дека претходниот ден во 22 часот испила пет таблети. Се работи на расчистување на случајот, соопшти полицијата.