Спасовски: Лагите за федерализација нема да ги спасат од пораз

Носителот на листата во изборната единица 2 на СДСМ и коалицијата, Оливер Спасовски, на денешната прес конференција истакна дека лагите на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Тодоров од ден на ден стануваат се поочајни и потрагични. Нагласи дека соочени со фактот што граѓаните на 11-ти декември ќе им испорачаат тежок пораз, продолжуваат да ја лажат јавноста за федерализации и поделби. Додаде дека тоа нема да ги спаси од тежок пораз.

-Граѓаните се изморени од корумпираната власт и лажните ветувања, затоа на 11 декември граѓаните ќе го изберат Планот за живот во Македонија како најдобра опција за излез од ова десетгодишно тонење. Граѓаните ќе изберат повисоки плати, ќе изберат пензии кои ќе ги следат трошоците на живот, ќе изберат просечна плата од 30.000 денари-додаде тој.

Спасовски нагласи дека со вистински проекти и поддршка на домашните компании ќе ги задржат младите во Македонија.

-Граѓаните ќе се одлучат да има правда за сите, да има правда и парвичност за секој граѓанин подеднакво, ќе се одлучат да се врати украденото, а криминалците никогаш повеќе да не управуваат со нашите животи. Тодоров, Груевски и ВМРО-ДПМНЕ можат да лажат за што сакаат и колку сакаат граѓаните веќе одамна не им веруваат-истакна тој.

Тој потенцираше дека на 11-ти декември граѓаните сплотено ќе изберат живот и правда.

 

Коментари

коментар(и)