Спасовски: Нема мигранти кои се движат кон нашата држава

Засега нема мигранти кои се движат кон нашата држава, истакна премиерот Оливер Спасовски, коментирајќи ги најавите за нов мигрантски бран. Тој посочи дека институциите се подготвени, а од вчера е подигнато и нивото на зголемена безбедност на јужната и северната граница.

-Ние сме во постојана комуникација со соседите, засега нема мигранти кои се движат ни кон Грција, ниту пак на територијата кон нашата држава, нашите институции се подготвени во овој дел, дури од вчера е подигнато и нивото на зголемена безбедност на јужната, северната граница, знаете дека имавме прогласено кризна состојба која што е во континуитет, двата транзитни центри се оперативни, максимално сме подготвени посветени да одговориме ако имаме каков било бегалски бран да ја заштитиме границата и да не дозволиме влегување на нашата територија-посочи тој.

Коментари

коментар(и)