Средношколците даруваа пакетчиња во Општа болница

Членовите на Средношколската асоцијација денеска подарија новогодишни пакетчиња на децата коишто се сместени на детскиот одел и на инфективното одделение при Општата болница Куманово. Целта на акцијата е да поттикне хуманоста кај средношколците, но и кај сите хумани луѓе.

-Ние денеска како локален тим на Средношколска асоцијација дојдовме да донесеме донација во вид на пакетчиња на деца кои што се сместени во Општата болница. Ова се дел од членовите кои дојдоа со мене и ова е дел од проектот „Секој ден хуманост“ којшто го реализираме секое полугодие ова е во првото и е успешно. Ова е прва акција во иднина планираме многу повеќе. Веќе се вклучиваме и во давање поддршка за болната Јована-истакна Николај Павловски од Средношколската асоцијација.

Средношколската асоцијација засега опфаќа ученици од економското Перо Наков, техничкото Наце Буѓони, гимназијата Гоце Делчев, како и економското училиште кое следи настава на албански јазик.

Коментари

коментар(и)