Српски специјалци со велосипед од Солун до Белград, го посетија и Зебрњак

Четиринаесет припадници на специјалната бригада и полицијата од Република Србија, како и неколку цивили денеска во рамки на велосипедската турата „По патеките на Солун, Слободни синови“ го посетија споменикот на паднатите борци во Зебрњак.  Тие пред пет дена тргнале од Солун, со цел да се движат по патеките на предците кои го пробиле Солунскиот фронт и ја ослободиле државата. За време на турата која треба да трае 10 дена, е предвидено да поминат 1000 километри. Низ патувањето посетуваат културно-историски спомен обележја.

-Со оглед дека поминавме низ Куманово не можевме да не го посетиме и споменикот од Балканската војна кој е дел од нашата историја, а ја заокружува целината од војните на крајот на 20-от век. Имаме комби кое е поддршка, 12 сме на велосипеди. Дневно поминуваме стотина километри, се задржуваме на поважните културни места, посетуваме, ги уредуваме српските гробишта и цел ни е на нашата јавност да и скренеме внимание на историјата и на важноста на цртвата која ја положија нашите предци за нашата слобода и просперитет-истакна Иван Бонџиќ, член на екипата.

-На овој пат сами уредивме  неколку гробишта, поставивме табли со паноа, така што и домашното население а и туристите можат да ги посетат тие гробишта и да знаат за што се работи. Исто така сакаме да го промовираме велосипедизмот бидејќи во првата светска војска српската војска имала велосипедски единици како воени формации и ги промовираме специјалните единици кои исто така тогаш постоеле-посочи Миоград Капор, лидер на турата.

Ваква велосипедска тура, но на релација Белград-Крф, била изведена во 2014-та година. Годинешнава тура ќе заврши во паркот пред Собранието во Белград.

 

Коментари

коментар(и)