ССМ: Штрајкот дава резултати, на локално ниво платите растат

 

Во првите три дена од генералниот штрајк во целиот јавен сектор платите на огромен број на работници во јавниот сектор кои работат во Градот Скопје, општините или во јавните претпријатија основани од Градот Скопје или општините веќе се усогласени за 2806 денари согласно растот на минималната плата.

За усогласувањето од 2806 денари на платите на вработените во јавниот сектор разбирање имаат локалните власти и градоначалниците заедно со директорите на јавните претпријатија кои ја разбраа потребата да му се помогне на работникот во овие тешки времиња.

Градоначалниците на Град Скопје, Данела Арсовска, на Општина Тетотво, Билал Касами и Општина Битола, Тони Коњановски веќе го прифатија главното барање на штрајкувачите за зголемување на платите на вработените во јавниот сектор за 2806 денари во нето износ согласно зголемувањето на минималната плата и ги зголемуваат платите на вработените.

Истовремено, во моментот се водат преговори и преку социјален дијалог на локално ниво се очекува во следните неколку денови ова покачување да го добијат вработените од јавен сектор во најголем број на општини и јавни претпријатија оснивани од нив.

 

 

 

Коментари

коментар(и)