epa08389189 View of electric power lines and pillows at sunset in Bucharest, Romania, 27 April 2020 (issued 28 April 2020). The ongoing pandemic of the COVID-19 disease caused by the SARS-CoV-2 coronavirus has substantially influenced the energy sector in Romania, as industrial activity has decreased significantly since the middle of March, while residential energy consumption has remained practically constant. EPA-EFE/ROBERT GHEMENT
60 милиони денари или еден милион евра годинава се предвидени за субвенционирањето на сметките за струја на најранливите категории граѓани, информираше министерот за економија Крешник Бектеши.
Субвенцијата ќе изнесува од 600 до 800 денари, а јавниот повик е веќе објавен на веб-страницата на Министерството за економија. Сите граѓани кои ги исполнуваат условите може да аплицираат најдоцна до крајот на февруари.
-За самец со приходи до 18.000 денари денари, за домаќинство со два члена до 25.000 денари, за домаќинство до три члена до 30.000 денари намалувањето на сметката ќе биде 600 денари, додека за домаќинство со четири члена со приходи до 36.000 денари и за домаќинство со пет члена и повеќе члена до 43.000 денари намалувањето на сметката ќе биде 800 денари, рече Бектеши на прес-конференција во Владата.
Според него, оваа мерка годинава е проширена со други социјално ранливи категории лица како што се корисници на правото на надоместок поради попреченост, самохрани родители кои не се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош и корисници на право на надомест за телесно оштетување.
-Новина е и што доколку овие домаќинства направат заштеда на електрична енергија од 10 отсто споредено со истиот период минатата година, тогаш ќе имаат дополнително 200 до 300 денари намалување на сметката за електрична енергија во зависност од категоријата, рече Бектеши.
Минатата година преку оваа мерка беа субвенционирани 4 379 домаќинства, а се исплатија вкупно 33 милиони денари, додека годинава се очекува да бидат поддржани над 8 500 домаќинства..