ТВ Плус: Интервју со кандидатите за претседател на СДСМ

Телевизија Плус реализира кратко интервју со кандидатите за претседател на општинската организација на СДСМ Куманово. Предвидено е кандидатите да одговорат на пет, исти прашања.

По електронски пат покани се испратени до Мартин Костовски, Марјан Спасовски, Драгана Цветковска, Сашо Тодоровски, Сашо Милковски, Оливер Илиевски, Александар Арсиќ, Виктор Божиновски и Емил Ташевски.

До денеска потврда за гостување доставија Виктор Божиновски, Драгана Цветковска, Емил Ташевски и Оливер Илиевски.

Марјан Спасовски информираше дека нема доставено програма со која требало да ја потврди кандидатурата, со што е исклучена можноста да биде претседател на ОО СДСМ Куманово, иако бил предложен во скоро сите месни одбори. Тој не поднел кандидатура, бидејќи нема амбиции за истата од причина што веќе има политичка функција во партијата, односно е член на Надзорен одбор на СДСМ.

Интервјуто со кандидатите коишто ќе одговорат на ТВ Плус, кумановци ќе можат да го гледаат следната седмица. За периодот на емитување дополнително ќе информираме.

Ваша ТВ Плус!

Коментари

коментар(и)