ТВ Плус три години ги информира кумановци

По три години постоење телевизија Плус со точни, навремени, актуелни, објективни и пред се независни информации успеа да ги освои симпатиите на кумановци.  Во трите можеби најтешки и турбулентни години за медиумите во Македонија, телевизија Плус се наметна како непристрасна телевизија, која се грижи за проблемите на граѓаните. На 25-ти март 2015 година за прв пат беше пуштен телевизискиот сигнал за да веќе од први април започне емитувањето на програмската шема.

Локални проблеми, инвестиции и изградби, избори, премиери, спортски и музички успеси, концерти и слично се темите кои што граѓаните можеа да ги слушаат во информативната програма на телевизија. Покрај Дневникот добропозната,  гледана но и коментирана е и дебатната емисија Став, во која секој петок високи функционири од локално и државно ниво, одговараат на прашања кои што ги засегаат граѓаните. Гордост на телевизијата е лично продуцираната хумористична емисија Нема љутиш, која како и претходните години продолжи да се емитуваат на повеќе локални и регионални медиуми, а наскоро поради големиот интерес ќе се прикажува и на една добро позната национална телевизија.

Серијалот Инклузија кој телевизија Плус го работеше со Здружението за промоција и развој на инклузивно општество Инклузива, допре до срцата на гледачите. Тие се информираа за потребите и можностите, но и предзивиците со кои се соочуваат лицата со попреченост и нивните семејства. Проектот беше финансиски подржан од Европската унија и Високата школа за новинарство и односи со јавноста.

И изминатава година успешно продолжи да се реализира магазинот на српски јазик Компаритив, кој е дел од  проект, во кој соработуваше медиумот со Министерството за култура и информации на Република Србија. Преку него, се пренесуваа информации кои ја засегаат српската заедница во Куманово и Македонија.  Инаку ТВ Плус уште на самиот почеток од формирањето, доби дозвола за работа и емитување на програма на српски јазик и на тој начин стана прв медиум во државата кој има право и можност да прикажува ваква програма без превод.

Од неодамна граѓаните повторно уживаат и во Студио плус, емисија од информативно-забавен карактер. Тимот на телевизија Плус искрено им се заблагодарува на гледачите кои што ни ја даваат поддршката, не ни забележуваат на ненамерните грешки и не поттикнуваат да работиме според новинарските стандарди. Благодарност и до сите соработници и подржувачи.

Остануваме на Став дека Нема љутиш, само точно, избалансирано, навремено и објективно ќе се информираат граѓаните.

Ваша ТВ Плус!

 

 

 

Коментари

коментар(и)