Тесна победа на ФМП Академија над Куманово

Екипата на ФМП Академија го победи Куманово во последниот меч од 5. коло на Првата македонска кошаркарска лига. По три четвртини Куманово на свој терен имаше предност, на полувреме 43:40, а по третиот период и 60:54 меѓутоа во последната четвртина се разиграа кошаркарите на ФМП и направија пресврт 74:77, а со тоа и ги однесоа бодовите од Куманово.

Најзаслужен за овој триумф на ФМП беше Крстајиќ со 31 поен, додека кај Куманово, Холмс реализираше 20 коша.

Кумановци нанижаа четири порази на пет одиграни натпревари во првенството, додека Академија ФМП ја забележа третата победа по ред и има два бода помалку од лидерот Пелистер.

Коментари

коментар(и)