15-ти Меѓународен „Фото салон Куманово 2021“

15-тиот Меѓународен „Фото салон Куманово 2021“ ќе биде отворен на 04 ноември годинава, во уметничката галерија со почеток во 19 часот. На изложбата ќе бидат претставени 50 наградени фотографии. На конкурсот пристигнаа 184 автори од 47 држави. Оваа година имаше четири категории и тоа портрет, природа, слободна колор и слободна црно бела категорија. Жирито и оваа година имаше можност да погледне инзвонредни фотографии. Специфичноста на овој „Фото Салон Куманово 2021“ е тоа што пристигнаа фотографии од автори кои традиционално учествуваат на овој престижен салон, но секако имаше и нови автори кои се претставија со своите фотографии.

Најдобриот автор на изложбата е Holger Buecker од Германија.

Коментари

коментар(и)