Трае обуката за советување и претприемништво

Повеќе од 400 кумановци  досега се вработени со проектот  „Македонија Вработува 2“. Вработени се различни  возрасни категории невработени лица  така што работодавците добиле ослободување од плаќање придонеси за три, за пет години, а за некои невработени и до пензионирање.

Од центарот за вработување информираат дека тековната обука за советување и претприемништво е нова обука од годинава која претходно се реализирала во рамките на проектот самовработување, мерка која што е најатрактивна за невработените.

-Оваа година излезе огласот и ќе трае од 15-ти мај се до исполнувањето на бројката од 950 лица на државно ниво. Тоа е обука која би ја користеле лицата кои ќе аплицираат за мерката самовработување, изјави Милорад Тренчевски, раководител на Центар за вработување, Куманово

За мерката самовработување со неповратни средства аплицирале 106 невработени лица во Центарот за вработување Куманово.

Со оглед на фактот што Куманово е чевларски град, најчесто  со оваа мерка се отвораат мали производни капацитети, чевларски работилници, работилници од други занаетчиски дејности, но и мали трговски дуќани, адвокатски канцеларии.

Сите овие мерки од оперативниот план за вработување изминатиот период придонеле за намалување на невработеноста во Куманово.

Македонија вработува 2 завршува на 27 јуни годинава.

Коментари

коментар(и)