ВМРО-ДПМНЕ му одаде почит на Драган Богдановски

Членови и симпатизери на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ  заедно со семејството вчера на Градските гробишта организираа панихида за Драган Богдановски. Тие одбележаа 19 години од неговото умирање. Богдановски се смета за еден од најпознатите македонски политички емигранти и еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ. За неговиот живот и дело зборуваше брат му Раде Станковски.

-По завршување на средното училиште замина за Белград, од тука сакаше да отвори студенски клуб nо поранешната влада не му го дозволи тоа и го осуди на затвор од 6 месеци. По излегување покрај тоа што затворот не му беше тежок што одлежа 4 ипол месеци, тешко му падна што го исклучија од образованието, факултетот со образложение дека не може да се запише во ниту една високо училишна образовна институција во Белград,. Тој по излегување не може да ја поднесе оваа неправда и исчезна од Белград, заминал за Грција па за Америка. По 4 годишен престој во Америка се враќа во Европа, поточно во Париз и се запишува на факултет за политички науки-истакна тој.

Станковски посочи дека неговиот ангажман во политиката започнал во Париз и Осло. Во Париз најпрвин сретнал 20-ина македонски студенти по што заедно започнале со пишување весници на македонски јазик.

-Тој беше доведен во затвор Идризово каде го осудија на 13 години затвор. Најдобра предност на еден патриот што лично го имаше кажано, во затворот му нудеа да се откаже од својата политичка платформа да ги каже своите соработници и донатори за издавање на весниците а за возврат ќе му дадат стан, добра пензија и ќе живее среќен живот, тој сето тоа го отфрли не ги предаде своите другари и замина на суд, каде го осудија на 13 години затвор.  Тој многу ја сакаше нашата држава но за возврат не доби ништо-додаде тој.

Од ВМРО-ДПМНЕ истакнаа дека со панихидата одаваат почит на ликот и делото на Богдановски.

-Денеска се собравме да му одадеме почит на основачот на партијата ВМРО-ДПМНЕ Драган Богдановски. Минаа 19 години од неговата смрт и со секоја измината година осознаваме дека неговите идеи и мислења биле пред сите. Дури сега се остваруваат некои негови предвидувања и неговата идеа за обединета Македонија во Европа. Дури сега се покажува дека била многу пред времето-нагласи Драган Петковски од ОК на ВМРО-ДПМНЕ.

Богдановски е роден на 18 ти септември во село Клечовце, а починал во Данска на 31-ви мај 1998 година.

 

Коментари

коментар(и)