Трибина „На секое дете му е потребно семејство“

Во рамки на кампањата „На секое дете му е потребно семејство“, денеска во зградата на поранешен Комитет се одржа трибина за анимирање на јавноста за згрижување на деца без родителска грижа, којашто ја организираше Центарот за социјални работи. На трибината беше истакнато дека интересот за згрижување на деца во Куманово постојано се зголемува. Засега на ниво на градот има 10 згрижувачки семејства.

-Интересот се зголемува од ден на ден, а ние во секојдневната работа имаме потреба од згрижување на деца кои остануваат без двајцата родители како резултат на смртност на родителите, несоодветна грижа и слично, бројот се зголемува интересот е зголемен затоа што има и одредени бенефити коишто ги добиваат згрижувачите, но секако најголем бенефит е за самите дечиња-истакна Александра Арсовска, директор на Центарот за социјални работи.

Социјалниот работник при Центарот за социјални работи Куманово, Ивана Лазаревска истакна дека потенцијални згрижувачки треба да исполнат неколку услови.

-Основни критеруми кои што треба да се исполнат за да едно семејство стане згрижувач е да се полнолетни, да не се постари од 65 години, да се деловно способни, да не им е одземено родителското право, да постои граница на возраст помеѓу згрижувач и згрижено лице не помалку од 18 години и да имаат обезбедено материјално и станбени услови за живеење-нагласи Ивана Лазаревска, социјален работник.

На трибата учествуваа претставници на Центарот за социјални работи, одделението за социјална заштита при Општина Куманово, Агенцијата за вработување, згрижувачките како и потенцијални згрижувачки кои се заинтересирани за формата згрижување на дете во своето семејство.

 

 

Коментари

коментар(и)