Триесет и четири годишен кумановец доби кривична пријава

СВР Куманово, поднесе кривична пријава против С.Д.(34) од Куманово, поради постоење основано сомнение за кривично дело „предизвикување општа опасност“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Пријавениот,  велат од полицијата, заедно со уште четири лица на 03.06.2020, на локалниот пат Старо Нагоричане- село Никуљане, физички го нападнале Г.Д, а едно од лицата со пиштол испукало неколку куршуми.

Коментари

коментар(и)