Три улици во градот се без вода заради дефекти на водоводната мрежа

Поради дефекти на водоводната мрежа на три улици во градот жителите времено се без вода.

Според Регионалниот центар за управување со кризи, прекини во водоснабувањето има на улиците „Видое Смилевски Бато“ каде има изместување на водомер, дефект на водоводна цевка има на улицата „Тоде Мендол“, додека на улицата „Јане Сандански“ се врши детектирање на поцинкувани водоводни водови со трасер поради дислоцирање на водоводна цевка.

Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и работат на отстранување на дефектите, информираат од РЦУК.

Коментари

коментар(и)