(ВИДЕО) Повторно депонија кај детското катче во Бавчи

Детското катче не ги спречи несовесните граѓани повторно да создадат депонија во Бавчи.

Несовесни граѓани повторно создадоа депонија во близина кај детското катче во Бавчи. Општината заедно со Центарот за ромска заедница ДРОМ пред две години во рамки на проект изгради вакво катче, со цел да ја покрене свеста на населението за зачувување на животната средина и намалување на отпадот. Меѓутоа и покрај неколкуте акции за чистење на јавното претпријатие „Чистота и зеленило“, граѓаните на оваа локација повторно фрлаат купишта смет.

-Јавното претпријатие со помош на приватните стопанственици во неколку наврати ја чистеше локацијата, со цел да не се создава дополнителна депонија. Општината вложи и направи едно детско катче надевајќи се дека на тој начин ќе ги одвратиме граѓаните од фрлање на смет, меѓутоа за жал повторно продолжува со создавањето на една не е од тој обем, помала е депонијата, меѓутоа морам да потенцирам дека повторно се создава на таа локација депонија-истакна Даниел Стојчевски, директор на ЈП „Чистота и зеленило“.

Од Чистота и зеленило нагласуваат дека деновиве повторно ќе извршат чистење на оваа локација, но апелираат до граѓаните да проработи свеста за чување на животната средина. Јавното претпријатие изминативе два месеца интервенирало на неколку локации од кадешто биле изнесени над 200 тони смет.

-Овие акции продолжуваат континуирано, а ќе правиме и дополнителни, пообемни акции веќе од први април со започнување на пролетта, како што беше во минатото еден ден во неделата  да опфатиме една населба, населено место или село, да извршиме одредена акција и чистење на локацијата.  Имаме поставено контејнери на повеќе локации во градот, ги обновивме постоечките контејнери имаат можност самите граѓани каде да го одлагаат отпадот, а воедно редовно си ја вршиме услугата за собирање на смет од самите домаќинства и затоа нема потреба да ја создаваат дополнително таа дива депонија-дополни Стојчевски.

Преку проектот за регионална депонија Куманово доби 1.300 контејнери а преку Североисточниот плански регион се набавени околу 15 нови полуподземни контејнери.

Коментари

коментар(и)