„Трмка“ организира основачко собрание

Пчеларското здружение „Трмка“ од Старо Нагоричане, во сабота во 11 часот, ќе одржи основачко собрание. Од иницијативниот одбор на Трмка се надеваат дека ќе прераснат во сериозно друштво, кое ќе има повеќе членови.

-Mоментално се актуелни руралните општини за развој на земјоделие, а бидејќи пчеларството спаѓа во една гранка од сточарство а е исто така не многу развиено и сакаме уште повеќе да ја пропагираме органската храна, бидејќи светот денеска оди во тој смер да се презентира и пропагира и произведува органска храна а ние, бидејќи сме пчелари со искуство и имаме сертификати од две здруженија на органски производители во Македонија-изјави Зоран Станковски, од иницијативен одбор „Трмка“.

Од иницијативниот одбор на Трмка, ги повикаа сите заинтересирани пчелари кои сакаат да се зачленат во нивното друштво, да присуствуваат на собранието. Пчеларското друштво во моментов брои 20-ина членови, од кои повеќето се возрасни лица, кои се родени во Старо Нагоричане, а живеат во Куманово.

 

Коментари

коментар(и)