ВИДЕО: УМС на ВМРО-ДПМНЕ со ораторска вечер „Гоце Делчев“

Во организација на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ синоќа во Куманово се одржа ораторска вечер насловена „Гоце Делчев“.  Младите пред присутните и комисијата настапија со пораки за промени и подобра иднина. Првото место го освои Тамара Митковска од Скопје. Претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов истакна дека во континуитет организираат ораторски вечери и различни обуки за комуникациски вештини и говорништво за младите.

-Причината за тоа е што како политички активисти токму говорништвото е една од главните алатки со која ние се бориме а особено како млади луѓе и ние како организација која цело време ги повикува младите да бидат гласни и будни сметаме дека токму овие обуки можат и да им помогнат и на нив но и на нас како организација со цел нашите млади луѓе да имаат поголеми способности за убедување на својата публика и поголеми способности за испраќање на оние пораки кои ние сакаме да им ги испратиме-нагласи тој.

Тој истакна дека како Унија на млади сили се најголемиот политички подмладок во државата и најсилна младинска организација. Но истакна дека младите можат да бидат уште поактивни, побудно да ги следат состојбите во општеството.

 

Коментари

коментар(и)