Утре започнува второто електонско пријавување во јунскиот уписен рок во средните училишта. Потребната документација ќе се доставува на 24 јуни, а конечната ранг-листа на примени ученици ќе биде објавена на 25 јуни до 12 часот.
Слободни места за запишување има во сите средни училишта, најмалку во Гимназијата „Гоце Делчев“, каде што во првото пријавување во јунскиот уписен рок примени се најголем број на ученици, вкупно 163 ученика, од нив 14 ученици се во паралелка на српски наставен јазик.