Утре во периодот од 13 до 15 часот ќе има мирен јаен собир во Куманово пред зградата на Управата за јавни приходи, поради ретроактивно оданочување на граѓаните со приходи од американските бази во Ирак и Авганистан.
ЈАВЕН ПОВИК до граѓаните од засегнатите – интегрално
Почитувани сограѓани,
Ве повикуваме утре да дојдете на малиот плоштад и заедно да се обединиме во мирен јавен собир, со една јасна цел – да испратиме порака дека граѓаните имаат глас и достоинство.
Време: од 13:00 до 15:00 часот
Локација: Мал плоштад
Собирот е мирен
Без блокирање на улици
Ова не е протест против државата.
Ова е протест ЗА правдата.
Сакаме јасно да кажеме дека не сме „овци за стрижење“, ниту граѓани кои ќе молчат кога се газат законите и достоинството. Бараме фер однос, почитување на законите и правна сигурност за сите.
Дојдете мирно, достоинствено и со крената глава, се вели во повикот.