Утре ќе се одржи седмата седница на Советот

Извештаи за работа на јавните претпријатија, состојбата со енергенси во училиштата, нови цени за собирање и транспортирање комунален отпад, како и нов начин за користење на тениските терени, се дел од точките за кои утре ќе расправаат советниците на седмата седница на Советот на Општина Куманово.

Советниците ќе ја анализираат состојбата во јавните претпријатија установи и основните и средните училишта по зголемувањето на цените на енергенсите за греење за периодот декември 2021 – февруари 2022 година во споредба со периодот декември 2020 – февруари 2021 година.

На дневен ред ќе се најдат и извештајот за работа и финансии, на ЈП Водовод, Куманово паркинг, Чистота и зеленило, како и оперативна програма за собирање и транспортирање на комунален отпад на подрачјето општина Куманово. Предлог решенија за давање согласност за утврдување на цени на Чистота и Зеленило, Пазаришта.

Советниците ќе го дискутираат и извештајот за реализација на Програмата за развој на спортот и рекреативни активности, како и годишниот извештај за настани и манифестации на Фондација за култура и спорт, Извештај за реализација на Програма на културни манифестации како и Извештај за реализирани активности од Програмата за социјална заштита во Општина Куманово.

Ќе се расправа и за предлог одлука за начин на користење на тениски терени како и утврдување на цена на влезници, предлог – Одлука за донесување на План за заштита и спасување од природни непогоди и други несреќи, предлог – Одлука за изменување на Одлуката за именување на членови на Штаб за заштита и спасување и предлог – Одлука за поставување на должност на командири на просторни единици за заштита и спасување во Општина Куманово.

Ќе се сподели и информација за работа на Сектор за инспекциски надзор – Инспекторат во Општина Кумново за период јули – декември 2021 година. На дневен ред ќе се најдат и предлог одлуки за исплата на еднократна парична помош од Буџетот на Општина Куманово, како и предлог решенија за констатирање престанок на мандат и избор на членови на комисии при Советот.

Седницата ќе можете да ја следите во живо на ТВ Плус со почеток во 12 часот!

 

Коментари

коментар(и)