Утре ќе се одржи Техносаeнс во „Наце Буѓони“

Општинското средно техничко училиште „Наце Буѓони“ утре го организира настанот Техносаенс кој традиционално  по 8 пат се одржува во чест на 24 Мај – ден на сесловенските просветители Св.Кирил и Методиј.

На настанот ќе има: натпревар во знаења и вештини во повеќе дисциплини со ученици – деветтооделенци  од основнитe  училишта во Општина Куманово и Општина Старо Нагоричане  кој ќе започне во 10 часот како и  трибина на тема „Потребите за взаемна соработка меѓу стручното образование и стопанството“која ќе започне во 11 часот.

По тој повод се покануваат стопанствениците од градот  и регионот заинтересирани за соработка со училиштето да учествуваат на трибината.

Оваа година настанот ќе биде организиран во соработка со Хуманитарното Здружение „Мајка“ во рамки на активностите на проектот Од нас за сите нас, кој се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD), финансирана од Европската унија , а спроведувана од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

Коментари

коментар(и)