Во кружната сала на зградата на поранешните општествено-политички организации, Комитет утре ќе се одржи 50-тата седница на Советот на Општина Куманово. Вкупно за разгледување има 16 точки.
На дневен ред ќе се најдат извештаите за работа на јавните претпријатија Водовод, Чистота и Зеленило, Куманово-гас, јавната установа библиотека Тане Георгиевски и друго.
Советниците ќе расправаат и за предлог програмата за енергетска ефикасност на Општина Куманово, 2016-2018, како и акциониот план за оваа година, предлог одлуката за утврдување на услови за начинот на градење во село Умин Дол, за кое нема урбанистички план.
На крај следат и предлог-одлуки за донесување измени и дополни на детални урбанистички планови на улици, плацеви и слично. Седницата која ќе започне во 10 часот, може да ја следите директно на Телевизија Плус.